Откако наиде на јавна осуда за организирање тајна забава по повод нејзиниот 30. роденден, со што ги прекрши анти-корона мерките, Рита Ора се извини на Инстаграм.

Во пораката до обожавателите, пејачката напиша дека и е жал за сериозната и непростлива грешка, а извор близок до неа открива и дека доброволно платила казна од 10.000 фунти.

Здраво на сите, присуствував на мало дружење со пријателите за да го прославам мојот 30. роденден. Беше одлука донесена набрзина со погрешна проценка дека се откажуваме од карантинот и дека тоа ќе биде добро. Длабоко жалам што ги прекршив правилата и разбирам дека тоа ги става луѓето во ризик. Ова беше сериозна и непростлива грешка во проценката. Со оглед на ограничувањата, сфаќам колку овие постапки беа неодговорни и преземам целосна одговорност – напиша Рита во својата сторија на Инстаграм.

Особено сум засрамена со оглед на тоа колку луѓето напорно работеа во борбата против оваа страшна болест и свесна сум за жртвите што ги дадоа луѓето и компаниите за да бидат сигурни дека сите се безбедни. Иако ова нема да поправи ништо, сакам искрено да се извинам – додаде пејачката.

Рита знае дека нејзините постапки беа погрешни, па затоа доброволно плати казна од 10 илјади фунти. Таа се надева дека ова на некој начин ќе ја надомести нејзината грешка во проценката – вели извор близок до пејачката за „Мејл Онлајн“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.