Американскиот актер Николас Кејџ (55) поднесе барање за поништување на брак четири дена по венчавката  во Лас Вегас.

Како што покажуваат судските списи, Кејџ побарал поништување на бракот во средата, со образложение дека бил премногу пијан за да разбере што прави кога се венчал за својата девојка Ерика Коике.

Кејџ, чие вистинско име е Николас Ким Копола, рекол дека тој и девојка му пиеле „до точка на интоксикација” пред да се венчаат минатата сабота.

Актерот навел оти не бил свесен дека Коике „е во врска со друго лице”.

Тоа е четврти брак на Кејџ. Тој претходно беше во брак со Алис Ким, Лиза Мари Присли и Патриша Аркет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.