Пласидо Доминго им се извини за нанесената болка на неколку жени кои го обвинија за сексуално вознемирување. Оперската ѕвезда даде оставка на позицијата генерален директор на Операта на Лос Анџелес откако неколку жени го обвинија дека сексуално ги вознемирувал.

Сега вкупно 20 жени го обвинуваат Доминго за сексуално вознемирување и недолично однесување, обвиненија кои тој ги негира.

Го почитувам тоа што овие жени се чувствуваат слободни да го кажат своето мислење. Сакам да знаат дека навистина ми е жал за нанесената болка. Преземам целосна одговорност за моите постапки и кажувам дека созреав низ ова искуство, изјави Доминго.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.