На Дарко Лазиќ му се исполни најголемата желба, повторно го виде своето дете! Имено, фолкерот на Бадник се сретна со Лорена, прв пат откако пред 2,5 месеци доживеа сообраќајна несреќа.
Неговата се уште законска сопруга Ана Севиќ изутрината ја довела нивната наследничка во Брестач како со татко и би го минала празникот. Штом ја здогледал, Дарко почнал да плаче како дожд, а потоа ја прегрнал и не ја пуштал.
Средбата беше емотивна и трогателна. За Дарко тоа беше исполнување на сонот. Тој момент долго го чекаше и одвај го дочека. Лорен била пресреќна што го видела после подолго време, но не и било јасно зошто татко и е во количка. Сепак брзо заборавила на тоа, бидејќи Дарко се потрудил да и надополни за секоја изгубена секунда и максимално и се посветил. Таму беа и неговите родители, бремената Марина Гагиќ и сите заедно се потрудија на Лорена да и угодат во се. Бидејќи Дарко брзо се заморува, тој повеќе пати дневно одмара и задремува, па така и Лорена го заспала во прегратка – открива извор близок до Дарко.
Разделбата на Дарко и Лорена исто така била трогателна. Таа не сакала да си оди дома, но пејачот и ветил дека ќе се видат повторно.
Ми беше мојата Лоерна, тоа чувство е неописливо. Детето го немав видено долго и многу ми е убаво со неа – рекол фолкерот.
Тој после празниците ќе се врати во бања, каде ќе продолижи со секојдневните терапии како што побрзо би закрепнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.