Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Како што неофицијално се дознава, Шабан со автомобилот трганал на аеродром, кога се случила несреќата. Со автомобилот не управувал тој, туку возач. Со него бил и кумот кој исто така е повреден.
Како што пишуваат германските медиуми, пијан возач со автомобил марка Мазда се забил во нивниот автомобил. Возачот наводно немал дозвола. Иако лекарите дале се од себе, не успеале да го спасат.
Како што се наведува во полцискиот извештај, двете возила слетале од патот и удриле во банкината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.