Тони Цетински одржа концерт за паметење пред полниот Ташмајдан.

Публиката во еден глас ги пеела сите хитови на познатиот музичар се до самиот крај. Пред крај на концертот Тони ја испеал својата балада „23 декември“, која ја посвети на нашиот Тоше Проески, но и и многу други починати уметници.

Тони го пушти својот врвен глас, а немало кому не потекле солзи после сцените кои се појавиле зад пејачот.

Имено, на бимот зад него цело време се вртеле фотографии од Тоше Проески, Небојша Глоговац, Оливер Драгојевиќ, Драган Николиќ, Арсен Дедиќ, Бата Стојковиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Павле Вуисиќ, Дино Дворник и неговиот татко Борис Дворник, Влада Дивљан и останати уметнци кои оставиле своја трага.

Сцената може да ја погледнете на овој линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.