Пејачката на народната музика Нада Обриќ со години се бори со карцином, кој успева да го победи секој пат. Иако болеста повторно ѝ се врати, таа позитивно гледа на животот.
Лекарите се чудат кога ќе слушнат. Јас не им давам на луѓе со лоша енергија да се близу до мене, не давам приказни за смртта, кои сè починале од оваа болест, можеме да се дружиме, но не и да зборуваме за моите болести. Има ноќ кога ќе останам сама и размислувам за тоа. Занимавајте се со сегашноста, не одете премногу далеку во минатото. Најголемото зло на денешницата е кога пребарувате болести на интернет. Ова е мојот четврти карцином и ќе биде моја шеста операција – изјави Нада, додавајќи: Јас ја утешувам околината, моите деца и пријателите. Откако знам за себе, ме следи оваа реченицата: Ма лесно ѝ е на Нада. Мене ми одговара луѓето да ми зборуваат убаво. Свесна сум за сè што направив и многу сум горда!
Со оглед дека нејзиното здравје е во лоша состојба таа е претпазлива во однос и на коронавирусот. Поради тоа се придржува до сите превенции и секогаш носи маска и ракавици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.