Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска вчеравечер со објавата на својот Инстаграм профил ја изненади јавноста и своите следбенци. Имено, убавата пејачка откри дека станала мајка и дека родила син.
Изминатиот период Симона објавуваше фотографии само од нејзината работа во делот на естетските корекции, но речиси воопшто ја немаше со некоја лична фотографија или пак појавување пред камери.
Симона во тој период била во блажена состојба, а за бременоста не сакала да се знае јавно и во медиумите. Не видовме ниту една фотографија со трудничко стомаче, а не се појавија ниту гласини, така што доаѓањето на бебето беше изненадување.
За потсетување, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата во еден струшки хотел, повторно лоциран на брегот од езерото.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.