Хрватската пејачка Маја Шупут неодамна на 41-годишна возраст со сопругот Ненад Татаринов го доби првото дете, а синот чии први фотографии ги објави на „Инстаграм“ доби доста несекејдневно име.
Здраво екипо, конечно и јас да ви пишам. Откако со месеци, сакале или не, читавте за мене апсолутно сè (понекогаш и сешто), редно е да ви се претставам со лик и име. Се викам Блум Татаринов и би сакал да ви се заблагодарам на сите за честитките, убавите желби, подароците, позитивните вибрации, прекрасните зборови и добредојда. Мама и тато се пресереќни, постојано нешто гугуткаат и пејат, зборуваат со некаков детски тон и со насмевка во гласот. Веројатно зошто баш многу се радосни поради мене. Јас сум превозбуден за сè што ме чека, а судејќи по вашата позирива, сигурно ќе има доста забави и веселби во иднина. Уште еднаш ви благодарам за љубовта. Ве сака ваш Блум, пишува пејачката во описот.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.