Милица Ѓурѓиќ, партнерка на српската премиерка, Ана Брнабиќ, се најде на насловната страница на арапското издание на познатиот моден магазин „L’Officiel“.
На фотографијата која ја краси насловната страница на овој магазин, Милица позира во ефективен фустан од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
Станува збор за светски позната дизајнерка која со години живее и работи во Лондон, а нејзините модели ги носат Кејт Мидлтон, актерките Џесика Честејн, Гвинет Палтроу, Ема Вотсон, Кира Најтли, пејачките Лејди Гага, Флоренс Велч, поранешната прва дама на САД Мишел Обама…
View this post on Instagram
Милица во интервјуто за споменатиот магазин открива како ја доживува модата.
Ја сакам модата, но не сум нејзин роб. Не ги следам трендовите. Го носам она што го сакам и во што добро се чувствувам – вели партнерката на српската премиерка.
Ова елегантното издание е само едно од добрите модни избори на Милица Ѓурѓиќ. Таа ретко се појавува во јавноста, но секој нејзин стајлинг привлекува големо внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.