Бадниковата вечера е настанот кој си собира најблиските на едно купче. Секако борбата е кај кого ќе се падне паричката, односно на кого новата година ќе му биде најсреќна.

Оваа година се чини дека најмногу среќа имаа најмалите во семејството.
Кај Тамара Тодевска, најсреќна беше Хана.

Во семејството на Димитар Атанасовски и Сара Мејс, паричката беше кај Илина.

Кај Живкица паричката се падна кај ќерката Ана.

Кај Борко Ристовски, најсреќен беше малиот Душан.

Весна Бејби откри дека во нивното семејство оваа година е година на Мина.

Кај новинарката Снежана Лупевска Созен, паричката се падна кај синот Микаил.

Извор: Хаштаг


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.