СТОП за дискриминацијата на евент индустријата, порача Владимир Блажев – Панчо, со отворено писмо до власта и нивното менаџирање на последиците од корона-кризата.

Ви го пренесуваме во целост:

Во денови кога секојдневно се шпекулира за тоа дали и кога ќе има избори и под кои услови, за тоа дали ќе има полициски час викендов за Рамазан и Кирил и Методиј или не, и кога транспарентноста и ажурноста на одговорните институции полека за жал ја снемува, морам да поставам прашање до сите надлежни а воедно и да ги повикам сите мои колеги кои се затекнати од целата ситуација:

1. Што се случува со евент индустријата?
2. Дали и кога ќе се вратат настаните, концертите, театарските претстави, фестивалите и сите останати забавно културни настани за граѓаните?
3. И што е најбитно, зашто никој не зборува за ова?

Знам дека има многу побитни работи во моментов, но редно е и овие прашања да дојдат на дневен ред. Огромен број на музичари, диџеи, глумци, промотери, продукциски куќи, буквално немаат никаква информација за тоа кога и на кој начин ќе се вратат на работа.

Ајде да превземеме нешто! За споредба, оваа иницијатива која започна на facebook во Хрватска пред неколку недели, вроди со плод и веќе се избори за какви-такви одговори и ги има следните информации кои треба да се усвојат на почетокот на идната недела:

Од 27.05, на затоворен простор може да има 150 луѓе, а на отворен 300.
Важно е да се напомене дека за 1 човек треба да има 3 метри квадратни простор во самиот клуб (venue).

По тој принцип, во следните месеци тоа би прогресило вака:
– 1ви јули – 250 во затворен / 500 во отворен
– 1ви август – 500 во затворен / 1000 во отворен
– 1ви септември – 1000+

Се разбира, доколку работите одат како што треба, и здравјето на граѓаните е сигурно.

Ајде да се ангажираме и да побараме од одговорните да не сослушаат и размислат и за нашата ситуација! Било каков одговор или разговор би бил од корист, бидејќи оваа status quo ситуација не води никаде! Би ги замолил сите мои колеги, артисти и уметници да го споделат овој статус и да го користат хаштагот #ShowMustGoON

Со Почит
Панчо 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.