Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша е едне од најследените во региово, а интересно е тоа што ја следат и странски јавни личности, бројни брендови, дизајнери.
Од друга страна таа на оваа социјална мрежа следеше само дваесеттина луѓе-своите најблиски, пријатели, соработници, неколку дизајнери и Марија Шерифовиќ, но тоа се промени, па бројот на луѓе кои ги следи сега скокна на 30!
Јелена дури сега минува низ тежок период и голема медиумска хајка и всушност сега гледа кои и се вистинските пријатели на естрадата. Веројатно сето ова имаше влијание на Карлеуша така што таа сега ги заследи колешките Наташа Беквалац, Дара Бубамара, Драгана Мирковиќ…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.