Шабан Шаулиќ во саботата настапи во клубот Фарина во Германија, каде бил многу расположен. Никој не ни насетувал каква трагедија ќе се случи неколку часа подоцна.

Шабан настапот го почнал со зборовите: Ајде пали, одиме!Дал знак со рака на музичарите за почеток.

Си одиш, си одиш, биле првите зборови на песната која прва ја запеал не насетувајќи каква трагична симболика има во тие зборови.

Публиката била воодушевена. Сите скандирале: Шабан, Шабан и уживале во атмосферта која ја направил не насетувајќи дека тоа е неговиот последен настап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.