Откако е обелоденета порно аферата на Јелена Карлеуша, јавноста не престанува да го следи секој нејзин чекор, ама и чекорите на нејзините најблиски. Таа во Србија се врати во понеделник, првото појавување го имаше на снимањето на емисијата на Ѕвездите на Гранд, а сега е откриено и што прави додека е во Белград.
Имено нејзиниот менџер и многу добар пријател, Зоран Бирташевиќ кој се обидува да ја заштити од сите проблеми објави фотографија на социјалните мрежи и со тоа ја издаде тајната на Карлеуша.
Тој покажа дека Јелена и покрај сета болка низ која минува не се откажува од својата кариера, обврски и ветувања кон публиката. Таа вредно работи во студио и снима нови песни, што Зоран и го покажа.
Никогаш не застанува – напиша Зоран на фотографијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.