Северина има две сестри кои не се експонираат во јавност. Зденка Зуниќ која живее во Хрватска и Маријана Вучковиќ Поповиќ која живее во Белград. Севе е во добри односи со Маријана, додека, пак, со Зденка нема никаков контакт.

Зденка јавно се откажа од својата сестра и вели дека никогаш нема да и прости на пејачката што се омажила за Србин.

Таа вели дека не и паѓа на памет да оди на концерт од нејзината сестра, ниту пак да се смират.

Не бев на нејзиниот концерт во Сплит, а ни во Белград. Никогаш нема да одам во Белград – изјави Зденка.

Севе се обиде да се смири со Зденка, па ја покани на нејзината венчавка во 2015 година, но Зденка одби да присуствува и остана на дека „Северина не ја признава како своја сестра“.

Хрватката ја повика својата сестра да се освести затоа што „ќе заплаче како што плачел Вуковар“.

Од своја страна, Северина никогаш не сакаше да го коментира својот однос со Зденка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.