Семејството, пријателите, фановите, но и луѓе од Србија и од светот се простуваат со кралот на народната музика, Џеј рамадановски, кој почина минатата недела во 56. година од животот. Сепак, некрологот што неговата помлдаа ќерка Марија Рамадановски го објави на социјалните мрежи, заинтригира многумина.
На овој некролог, покрај децата, внуците и поранешната сопруга Нада, стои и иметѕо Андријана. Затоа, тие што не го познаваа Џеј многу добро, се зачудија која е жената што се крие зад тоа име, но, како што пишуваат српските медиуми, тоа е неговата менаџерка и партнерка, со која живеел речиси 20 години.
Оваа плавуша никогаш не се одвојувала од Џеј, го следела службено, но била покрај него за време на приватни дружења. Токму Андријана го нашла Џеј мртов во станот, кога се вратила од продавница.
Андријана, во неколку наврати по смртта на Џеј истакнуваше дека е скршена по смртта на нејзиниот долгогодишен партнер и дека со денови го терала да оди на лекар затоа што не му било добро.
Сепак, починатиот пејач не се грижел за своите здравствени проблеми и одбивал да оди на преглед.
Легендарниот пејач почина на 6. декември од срцев удар, а треба да биде погребан денеска. Затао, многумина од неговите роднини, пријатели и колеги испраќаат последен поздрав кој со својата музика ќе живее во срцата на голем број луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.