Mајкаta на познатиот актер Силвестер Сталоне, неодамна наполни 98 години. Џеки Сталоне во младоста била позната танчерка, но уште тогаш почнала со пластични операции и менување на изгледот. Денеска, лицето и е целосно искривено од бројните естетски интервенции, што многумина ја споредуваат со креаторката Донатела Версаче.
И самата пред неколку години призна дека претерала и оти жали за бројните операции.
Ги имаше премногу, изгледам како верверица со уста полна со лешници, рече Џеки.
Сепак, поранешната танчарка рекла дека е задоволна што се грижи за своето здравје и изглед, па оди на часови за танцување три пати неделно, вежба двапати неделно со личен тренер и секој ден два часа свири пијано.
Не го трошам своето време на глупави холивудски забави. Станав пример за ѕвезди постари од 50 години затоа што сите се плашат од стареење, а јас сум сè попопуларна со годините, рече таа.
Џеки преживеа три срцеви удари и вели дека не се плаши од смрт.
Имаше три. Мојот одговор на нив беше: за*еби. Ако мора да умреш, ова е добар начин да умреш. Си одиш во едно парче и достоинствено, заклучи таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.