Јелена Карлеуша првпат јавно одлучи да проговори за Огњен Врањеш, обвинувајќи го дека ѝ го направил животот пекол. Вели дека заради него животот ѝ бил во опасност, а бракот ѝ висел на конец.
Врањеш е заслужен за сиот пекол кој ми се случуваше годинава. Заради сè што излезе во јавноста животот ми беше во опасност. Загрозено ми беше и семејството. Тој човек ми направи многу зла и уште и ме тужеше. Но, така е во Србија“, рекла Јелена, и додала дека последните моменти од животот на мајка ѝ и поминале во огромен стрес и грижи за неа.
Таа неодамна и јавно му се извини на сопругот Душко Тошиќ заради сè што поминал заради нејзината афера со босанскиот фудбалер.
Му се воодушевувам на Душко, излезе голем господин. Така се игнорираат глувци и багра. Од него треба да се учи. Заслужи почит и големо извинување за сиот пекол кој заради мене го помина во медиумите, му порача на Инстаграм Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.