Васил Гарванлиев има бугарски пасош. Македонскиот претставник на Евросонг во интервју се фали дека поседува бугарски пасош. На прашањето на водителот од каде бугарски пасош тој започнува приказна за неговата баба, но приказната не завршува. Што со неговата баба останува нејасно, но она што Васил јасно го кажува е дека Струмица е блиску до Бугарија.

– Далечен роднина на мојата баба е роден…Струмица е блиску до границата со Бугарија, јас сум од тој крај на државата, и затоа.

11:21 на видеото кажува дека има бугарски пасош

На МТВ беше промовирана нашата евровизиска песна и видео записот за истата. Станува збор за нумерата „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам. Но, набргу по промоцијата на социјалните мрежи се актуелизираа обвинувања дека во спотот се забележуваат боите на бугарското знаме, што наводно, претставува намерна или случајна провокација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.