Фудбалерот на Андерлехт, Огњен Врањеш е во целосно животно растројство после скандалот кој го предизвика објавувањето на експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша.
По повод овој скандал се огласи и фудбалскиот клуб Андерлехт, за кој игра Врањеш.
Инаку Врањеш неодамна направил голем проблем во клубот, па така е на тенок лед. Прво тоа било поради неговата објава по мечот АЕК – Ајакс, кога јавно го поддржал фрлањето на молотовиот коктел на трибината со холандските навивачи, поради што е казнет, па неодамна клубот решил да не го носи на подготовки, официјално, бидејќи е болен.
Генералниот директор на Андерлехт, Михаел Вершуерен рекол дека ги нема сите информации и дека после тоа клубот ќе донесе следни одлуки по прашање за дефанзивецот.
Се уште истражуваме колку и што е вистина, по што ќе решиме како ќе реагираме, но засега не можам ништо да кажам, бидејќи ги немаме сите информации – рекол генералниот директор на Андрелехт, кој објаснил дека Врањеш се разболел и дека му е лоша крвната слика, па нема да оди на тренизни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.