Викторија и Дејвид Бекам неодамна му забранија на Бруклин (19) да има било каква врска со пејачката Рита Ора (26), за која сметаа дека не само што не му одговара во годините, туку и воопшто не е за нивниот син.
Но, како што пишуваат светските медиуми, пејачката од Приштина сега се вплеткала и со Бекам таткото. Хрватски „24часа“ пренесува дека Викторија начекала пораки од Ора во телефонот на нејзиниот сопруг, по што побеснела.
Ова само ги разгоре гласините за развод помеѓу брачната двојка која годинава прославува 20 години од свадбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.