На социјалните мрежи вечерва се појавија коментари од фановите на музичарот кој загина со Шабан Шаулиќ, Мирсад Кериќ, кој овие денови беше заборавен од јавноста, бидејќи во медиумите се споменува само смртта на познатиот пејач.
На социјалните мрежи вечерва голем број фанови на загинатиот музичар Мирсад Кериќ напишаа дека, тој овие денови не беше споменуван во јавноста, за неговата смрт, бидејќи главна тема бил српскиот пејач и крал на народната музика Шабан Шаулиќ.

Напиша дека и Мирсад Кериќ имал фамилија која го чекала дома, деца и сопруга, но никој не спомнал ништо за нив и не им била понудена никаква помош од страна на надлежните.

Овие денови главна тема е смртта на српскиот пејач Шаулиќ, а веројатно јавноста и медиумите заборавија дека во тешката сообраќајна несреќа настрада и уште еден човечки живот – пишуваа на социјалните мрежи.

Со многу остри коментари исто така се упатија и до владата на Република Србија, за авионот што го транспортираше Шаулиќ од Германија. Тие изразуваат длабоко жалење за неговата смрт, но сметаат дека сето ова е претерано и ги премина сите граници.

Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во неделата наутро, а додека неговиот возач и музичар Мирсад Кериќ им подлегна на повредите еден ден подоцна во болницата во Германија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.