Хероината Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја“ ги освои срцата на луѓето ширум Македонија.

Со неа се запознаа многу македонски јавни личности, а една од нив беше и Сузана Турунџиева која летото ја посети Атиџе во нејзиниот дом и станаа пријателки, а како што исткна тоа е нешто најубаво што и се случило во оваа 2020 година.

Пријателството меѓу Сузана и Атиџе продолжува, па двете дами често се дружат, а тие моменти ги овековечуваат со заеднички фотографии, а овојпат Турунџиева сподели фотографија од Атиџе на која позира покрај елка.

„Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме“ напиша Турунџиева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.