Шест години по несреќата во која животот го загуби 17-годишната Андреа Бојаниќ, денеска во Белград е изречена пресудата за Александар Митровиќ, синот на сопственикт на продукцијата „Пинк“, Жељко Митровиќ.
Митровиќ е осуден на единствена казна за две кривични дела: тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и непружање на помош на лицето кое било повредено во сообраќајна несреќа. Тој доби 12 месеци домашен притвор поради носење на огнено оружје во својот стан и забрана за управување со моторно возило на година дена, поради сообраќајна несреќа кога на пешачки премин во Белград прегази девојка.
После пресудата Жељко изјави дека Александар е прогласен за виновен што е негов син.
После три вештачења, кои не ги барав ни јас, ниту мојот син Александар, туку Обвинителството, сите три потврдија дека мојот син Александар не е виновен, но денеска судот го осуди мојот син, само затоа што е мој син! Е, мој чесни суде, напиша Митровиќ на „Твитер“.
Posle tri veštačenja, koje nisam tražio ja ili moj sin Aleksandar, VEĆ TUŽILAŠTVO, sva tri su potvrdila da moj sin Aleksandar nije kriv,ali je danas sud osudio mog sina samo zato što je moj sin! E moj časni sude!
— Željko Mitrović (@zeljkomitrovic) July 2, 2019
Митровиќ на 18 јули во 2013 година, возејќи го својот џип БМВ на белградските улици на пешачки премин ја удрил и усмртил 17-годишната Андреа Бојаниќ. Според наводите на обвинителството, Митровиќ возел со брзина од 81 километар на час, а од силниот удар Андреа излетала 29 метри.
Митровиќ побегнал од местото на несреќата, а во полиција го довел неговиот татко Жељко Митровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.