Kуќнаta помошничка на Мајкл Џексон, 56. годишната Едриан Мекманус тврди дека починатиот крал на попот навистина бил педофил и предатор…
Мекманус за Џексон работела неколку години, а на новинарите им раскажала дека Џексон имал видео касети на кои има експлицитни снимки од него и децата.
“Мајкл Џексон беше предатор и педофил кој злоставуваше околу десетина деца, ги снимаше средбите со нив и видео снимките ги чуваше во тајна библиотека скриена на ранчот Neverland”, вели Мекманус за Daily Mail.
“Имаше многу вазелин на ранчот, премногу во спалната соба на Мајкл. Никогаш ништо не го испитував, бидејќи тој ми беше шеф и таму бев да си ја извршувам мојата работа. Во куќата постоеа бројни тематски простории во кои се дружеше со децата. Децата доаѓаа на викенд, сите заедно се капеа во џакузито. Тој ги допираше и бакнуваше, а тие се бореа за неговата наклонетост”, тврди куќната помошничка
“Во една прилика ме замоли низ куќата да ставам фотографии од голи бебиња како декорација”, вели Мекманус која своето молчење сега го оправдува со тврдењето дека била манипулирана и се плашела од Џексон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.