Полоштадот Слобода во Нови Сад е преполн со луѓе, кои по веста за смртта на големиот уметник Ѓорге Балашевиќ почнаа да палат свеќи, да положуваат цвеќе и пеат и плачат на неговите песни. Со светилки во раце, прегрнати ги пејат легендарните стихови кои останаа зад него. Низ солзи ја пеат најтажната песна на Балашевиќ „Ако умрам млад“.
Денот на погребот на големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ќе биде прогласен за Ден на жалост во Нови Сад, пишуваат регионалните медиуми.
Во знак на жалост, светлата на Градското собрание во Нови Сад беа исклучени. Вечерва во овој град знамињата беа спуштени на половина копје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.