Како што пренесуваат медиумите, Игор Којиќ (33) бил виден пред станот на неговата сè уште сопруга Северина Којиќ (48) во Загреб. Двајцата се немаат видено лице в лице од април минатата година, откако пејачката ја напушти семејната куќа на Којиќ во Белград затоа што наводно се скарала со неговите родители Драган Којиќ Кеба и Оља Којиќ.
Како што дознавав српски „Телеграф“, Игор сега сакал да се види со Северина, да разговараат за некои неразјаснети работи, но според зборовите на соседите, тој не успеал да влезе ниту во зградата, а не пак, во станот.
Повеќемина од нас го видовме тука Игор, пред зградата на Северина. Тука нешто се вртеше, излегуваше од автомобилот, гледаше во нејзината насока, но не влезе. Видовме дека разговара со некого на телефон, односно сигурно со неа, но таа не го пушти да влезе. Не знаеме дали потоа се сретнале бидејќи никој од соседите не ги виде заедно.
Едно е сигурно, тој сакаше да ја види, сигурно имаат некои проблеми, но таа не сакаше да се сретнат. По половина час чекање, Игор седна во колата и замина. Подоцна не го видовме да се враќа. Сите коментиравме дека ни е чудно што сопругата не сака да го пушти во станот, ако сè уште се во брак. Слушавме многу приказни за нив, но само тие знаат што е вистина.
Овде сите зборуваат за нив и нивното однесување. Не знаеме зошто не сакала да го пушти внатре. Тој навистина културно се однесуваше, не виде и не поздрави, се гледаше дека на човекот му е непријатно бидејќи цело време гледавме во него. Кој знае што се случува – велат за „Телеграф“ соседите на Северина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.