Во скопско кафуле „Интермецо“ овој четврток ќе се одржи музичката дружба со момците од „Нокаут“. Организаторите соопштуваат дека анплагд концертот на Пере и дружината ќе почне во 22 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови: „Кога ме сакаш ти“, кој воедно е најава за четвртиот студиски албум кој треба да излезе годинава, „Лебедот бел“, „Што бараш ти во мојата песна“, „За нас“, „Знаеш каде да ме најдеш“, „Би се викал те сакам“, „Позитивно“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.