Иако беше голема ѕвезда, Шабан беше многу скромен и приземјен човек, велат жителите на Крчедин, селото кај Нови Сад, каде пејачот го поминувал поголемиот дел од своето време, во викендицата која била негова оаза на мирот.
Соседот на Шаулиќ, откри како изгледало кога тој ќе дошол во Крчедин.
Се навикнавме тој да дојде уште на почетокот на март и да седи до крајот на септември. Имаше два чамци со кои одеше на риболов. По Крчадин се зборува дека последен пат уловил сом од 25 килограми. Секогаш кога имаше голем улов, веднаш ја распалуваше скарата и ги викаше сите од селото, беше навистина весел по природа. Јас некогаш им се приклучував, но тој секогаш ме викаше, таков беше. Со сите сакаше да застане и да поразговара, вели соседот.
Цел Крчадин жали за Шабан, дури кога ќе дојде времето за неговото доаѓање ќе сфатиме колкава дупка ќе остане празна без него. И понатаму не веруваме дека веќе не е жив, сите мислевме дека во прашање е лажна вест. Лекарите тогаш му забранија да пие, но сакаше да се напие по 1-2 ракии. Никогаш не го видов да се опие. Го сакаше животот и не се плашеше од ништо. Никој не помислуваше дека вакво нешто може да се случи, раскажува потресениот сосед.
Шабан преку зимата живеел во куќата на Дедиње, а за тоа време неговиот пријател се грижел за викендичката.
Знаеше да седне сам пред куќата, да се загледа во реката и да запее за своја душа. Беше вистински боем и сосед. Со него можев да зборувам за било што, не беше надмен, туку потполно природна личност. Кога и да го мачеше нешто, тоа го делеше со нас, секогаш беше отворен. Сите кои ги сакаше ги пресели овде, а и оние кои не живееја тука често доаѓаа и го посетуваа. Зорица и Кемиш често доаѓаа, а во ресторанот покрај викендицата често правеше забави. Последен пат тука правеше прослава и доведе дваесетина луѓе од естрадата, беше баш весело, вели човекот кој ја чувал викендичката на Шабан, но замолил да остане анонимен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.