Откако на Јелена Карлеуша и почина мајка и Дивна, пејачката потполно се повлече од медискиот свет и времето го минуваше со сопругот Душко Тошиќ и семејството далеку од очите на јавноста.

Јелена во саботата го посети мајчиниот гроб, а потоа сончевото попладне го помина на ручек во друштво на тетка и Данијела, братот Марко и пријатели.

Јелена секој ден е се подобра и подобра, а поддршката на нејзините најблиски пријатели, сопругот и се разбира ќерките Атина и Ника и е најважна. Првите неколку дена после смртта на Дивна таа не можеше да излезе од кревет, одбиваше храна и никако не можеше да се помири со тешката вистина дека Дивна повеќе ја нема. Првите денови не сакаше да излегува од дома, сите работи за неа ги правеа други луѓе. Одеа во продавница, ги водеа децата во училиште, подготвуваа за селидба, а потоа се тргна и почна да се враќа во реалноста. Најмногу ја отрезни тоа што и самата е мајка и што им е потребна на своите деца. Јелена излегуваше само кога одеше на гробишта и ништо друго не ја интересираше. Меѓутоа сите ги изненади кога во саботата реши попладне да оди на сплав на ручек, каде порано често одела – открива извор близок на Јелена.

Кога отишла на сплавот сите биле изненадени кога ја виделе.

Веднаш им обезбедија голема маса која гледа на реката, а пејачката иако беше во црно, носеше големи наочари и беретка, не можеше да се скрие од гостите на сплавот кои ја препознаа иако има кратка коса. Она што сите ги изненади е дека била расположена. Цело време водеше главен збор, се шегуваше со тетка и и брат и и нејзините другарки, па дури ја допре и темата на работата. Таа остана до доцна додека сонцето не зајде. После ручекот Јелена зема и десерт, а брат и Марко искоментира дека се враќа старата Јеца штом јаде колачи. Таа за еден месец изгуби околу 10 килограми, но се загрижи дека ќе го загрози здравјето, а на нејзините ќерки им  треба здрава, па полека се враќа во нормала – искоментирал извoрот.

Инаку нејзиниот сопруг се врати во Кина бидејќи веќе не можел да ги одложува обврските во неговиот фудбалски тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.