Судското помирување на Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша пропадна бидејќи пејачките не се појавиле во Првиот основен суд во Белград!
Тие имале закажана медијација, која е одложена бидејќи ЈК се уште е во Турција.
Јелена преку својот адвокат порача дека е спречена да дојде во суд. Поради тоа судењето е поместено и најверојатно ќе се одржи после летните одмори – рекол извор.
Претходниот обид за помирување меѓу двете ривалки на 11 јуни исто така пропаднал, бидејќи на суд тогаш се појави само Карлеуша.
Судскиот спор меѓу двете пејачки почна кога Цеца ја тужела Јелена поради изјава во еден дневен весник, дека го нарачала убиството на нејзиниот свршеник Зоран Давидовиќ Чанда.
Следувала контратужба на Карлеуша, поради, како што тврди таа, Цеца и викала и ја навредувала на едно судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.