По веста дека денеска починала мајката на српската пејачка Јелена Карлеуша, се огласил и сопственикот на Grand produkcija, Саша Поповиќ кој изјавил дека е погоден од оваа смрт.

Дивна беше наша другарка, пријател, водителка со која ја започнавме ерата на Гранд во далечната 1998 година. Таа беше најубавиот и најпознатиот глас на радио Белград, одличен професионалец и прекрасен човек. Ми се чини дека никому не му одговараше тоа има како на неа – Дивна. Погоден сум од оваа смрт и сочувствувам со Јелена, изјавил Поповиќ за Телеграф.рс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.