Хрватската водителка Николина Пишек Ристовиќ и нејзината шестгодишна ќерка Уна на почетокот на февруари беа пронајдени во бесвесна состојба на подот од нивниот стан, поради труењето со јаглерод-моноксидот кога пукнала цевката со гас со кој се греела зградата.

Сега, Николина вели дека моментите jа делеле од смртта, поради што сеќавањето на страшниот настан не и дозволува да се врати во станот. Затоа во моментов живее со сопругот Видоје и ќерката во изнајмен стан додека нивниот дом во Загреб се реновира.

Дополнителен проблем за Николина е тоа што и четири месеци по несреќата, таа не е целосно опоравена од труењето со гасот и се бори со голем број последици.

Магла, нарушувања на краткотрајната меморија, чудни состојби… Сè уште постои опасност од белодробна емболија, поради што еднаш завршив во итната служба, а последиците се чувствуваат, како и кај мозочен удар, дури и до една година подоцна. Сè е тоа последица на труењето во февруари – вели Николина за „Јутарњи.хр“.

Водителката додава дека на нејзината ќерка ѝ биле дијагностицирани промени во мозокот и дека ќе мора повторно да се подложи на третман во хипербарична комора, при што се вдишува 100-процентен чист медицински кислород, кој може да го регенерира организмот.

Ми рекоа дека белите дробови сега ми се постари од моите години, иако сум непушач и спортувам. Тоа е извештајот од рентгенот. Чувствувам краток здив и дишам плитко. Исто така, мора да го проверам моето срце затоа што имав промени во наодите. Јаглерод-моноксидот е гас што се врзува во крвта наместо кислородот и го дистрибуира до виталните органи. Први страдаат белите дробови и срцето. Бев сериозно отруена. Овој јаглерод-моноксид брзо излегува од крвта, но останува трајно оштетување на органите – објасни Николина во март за хрватските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.