Познатиот српски актер, продуцент и водител Никола Ѓуричко на 15 ноември (петок) во Домот на АРМ ќе настапи со своето стенд ап шоу „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“. Следниот ден, на 16 ноември, гостува во Штип.
„Кога наполнив 40 години една од роденденските одлуки ми беше да направам свое стенд ап шоу. Многумина од пријателите ме советуваа тоа да го сторам. Се надевам дека не беа само љубезни. На деветти јули наполнив 43 години. Што се случи и зошто ми беа потребни три години? Можеби животот ме прегази? Знам само дека материјалот цело време ми беше подготвен. Но, признавам, дека малку бев уплашен. Но, како и да е, јас настапувам, вели Ѓуричко во најавата за шоуто.
Во „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“ Ѓуричко дава одговор на прашањата: Што морал да пее во прво одделение, за колку пари ги продавал туристичките аранжмани за Хаваи, зошто носел хеланки, како добил две наградни излегувања во град…Ѓуричко во својот степнд ап објаснува како правилно се користи кондом и што не смее никогаш да се става во очи.
Стенд ап шоуто на Ѓуричко веќе две години се прикажува во регионот.
Ѓуричко (45) е актер, музичар и телевизиски водител кого јавноста го препознава по улогите во филмовите „Ќе се вратат штрковите“, „Зона Замфиова“, „Ивкова слава“ „До коска“…
Гостувањето на Ѓуричко во Скопје и во Штип е во организација на КМК продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.