Јелена Карлеуша полека се враќа на нормалниот начин на животот. Таа веќе се ангажираше да ги запише ќерките во ново училиште, но и да види како напредуваат работите во новата куќа, каде наскоро ќе се преселат.
Иако таа се уште е безволна, нејзините соработници, но и семејството даваат се од себе да и помогнат да се врати во старата форма, како побргу би закрепнала. Со нивна помош пејачката влезе во студио, како би започнала да работи на новите песни, кои веќе одамна сакала да ги снима.
Јелена инаку решила шест месеци да не се појавува во јавност, па дури ни во Ѕвездите на Градан, каде беше дел од жирито.
Сепак, најверојатно таа ќе започне со снимањата после 40 дена од смртта на мајка и, бидејќи нејзините блиски сметаат дека за неа е многу подобро таа да биде активна. Саша Поповиќ веќе ја убедува да се врати во жирито, а со оглед на тоа дека таа го цени мислењето на Саша, сите веруваат дека Карлеуша ќе се врати на старото место за еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.