Светлана Цеца Ражнатовиќ Божик го дочека традиционално, во храмот Свети Сава. Пејачката привлекла големо внимание со својот изглед, па за тоа зборува целиот регион.
Имено, таа се појавила целосно замотана во бело, толку што само очите и се гледале.
Сите се прашувале дали пејачката сакала да се сокрие од јавноста или само сакала да ги испочитува православните обичаи и да се покрие како што правеле жените порано. Меѓутоа, вистината е сосема поинаква.
Имено Цеца била настината и со висока температура отишла на литургија, како би ја примила светата причест. Таа се обидела да помине незабележано, па застанала зад црковните столбови, со лицето покриено со марама. Изјави не сакала да дава, туку само љубезно се заблагодарила на медиумите. Со неа била и сестра и со семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.