Дарко Лазиќ, кој со поранешната сопруга Ана Севиќ, ја има ќерката Лорена, откако се разведе, не зборува лошо за неа, но сега удри по неа.

Малку ми е мака да зборувам за Ана. Сите постојано ме прашуваат за неа. Во добри односи сме, некогаш е дома, кога одам по Лорена, некогаш не е – рекол за Свет, Дарко.

Жената си го живее својот живот, што е нормално. Испаѓа дека постојано нешто ја фалам, а таа кулира кога мене некој ќе ме спомне во медиумите – вели Дарко.

Не велам, беше тука кога требаше, ја доведе Лорена на концертот, искористи малку медиумски простор, но што прави сега и како живее, мене не ме интересира. Јас неа никогаш прв не ја изневерив, а се чувствував како гом*но кога таа ме изневери. И повторно јас испаднав најлош – додал Дарко, па заклучил:

Тоа е сега завршена приказна. Имам покрај себе жена која ја сакам повеќе од животот, само кон неа сум насочен. Се разбира и кон Лорена и Алексеј. Поради нив животот го почнав од почеток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.