Животот ѝ зададе нов удар на популарната српска пејачка Наташа Беквалац. Таткото на 38-годишната убавица, фудбалски тренер Драгољуб Беквалац (66), доживеа срцев удар и бил хоспитализиран во КЦ Војводина во Нови Сад.

Срцевиот удар не бил фатален, но за време на деветдневниот престој во болница му биле вградени два стента. Потоа неговото здравје почнало да се подобрува, па тој бил пуштен за домашно лекување и веќе се чувствува добро.

Инаку, Драгољуб Беквалац неколку сезони го водеше и скопски ФК Работнички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.