Српскта пејачка Ана Севиќ на сите начини се обидува да го натера сопругот Дарко Лазиќ да потпише спогодбен развод. Иако тој веќе очекува дете и е свршен со друга жена, пејачот одбива да потпише. Затоа, Севиќ поднесе тужба.
Пред несреќата пет месеци не доаѓаше на состанок со адвокатот за да се договорат за развод. Кога конечно прифати и рече дека ќе се согласи Ана да остане во нивниот стан и да го задржи старателството над Лорена, веќе никогаш не крена слушалка. Се прави луд, раскажува пријателка на Ана за српски „Свет“.
Другарката на Ана открива дека изминатите години таа поминала низ пекол со него.
Дарко зборува насекаде дека Ана го изневерувала и затоа се разведуваат. Не, се разведоа затоа што Дарко со ноќи не доаѓаше дома поради неговите пороци, поради долговите, неодговорноста…Дарко почна да ја изневерува Ана уште додека таа беше бремена и тоа со колешки. Ако останеше уште една година со него во брак веројатно ќе полудеше или ќе се разболеше. И сега ѝ прави проблеми со непотпишувањето. Најлошо е што цела негова фамилија вели дека Лорена ги посетува во Брестач секој викенд, а тоа е апсолутна лага! Лорена во последните три месеци беше само тру пати таму и тоа на инсистирање на Ана. Тој нема отидено во Белград да ја види ќерка си, никогаш не ја одвел во игрална, ниту пак плаќа нешто за неа. Тој е татко само пред папараците, вели другарката на Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.