Марија Шерифовиќ ја гаѓала со столица Вики Миљковиќ на снимањето на Ѕвездите на Гранд.

Имено хаосот настанал кога двајца кандидати, чии ментори биле Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ добиле еднаков број на гласови од останатите членови на жирито, после што следувало стандардно прегласување.

Сите членови на жирито ги дале своите гласови определувајќи се за само еден кандидат, освен Вики Миљковиќ која изјавила дека не може да се одлучи.

Саша Поповиќ инсистирал фолкерката да го даде својот глас, посебно затоа што односот на гласовите повторно бил еднаков, но Вики одбила тоа да го направи. Следувала петминутна расправа, која ја завршила Вики која притиснала еден од тастерите не гледајќи во нив.

Тоа ја изнервирало Шерифовиќ која зела столица и ја фрлила накај Вики, која сепак не можела да ја погоди бидејќи била далеку. Но тоа ја вознемирило Вики која го напуштила студиото и се вратила после 10 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.