Ќерката на рок легендата Ози Озборн, ријалити ѕвездата Кели Озборн изгледа потполно непрепознатливо откако изгуби скоро 40 килограми, а во последно време гордо го покажува својот нов изглед на својот инстаграм – профил .

Викендов таа објави фотографија на која косата повторно ја обоила во виолетова боја со чија помош нејзината убавина се истакнува во полно светло.

Кели Озборн, која има 2,3 милиони следбеници на Инстаграм, претходно призна дека операцијата за намалување на желудникот, на која се одлучила пред две години, била најдоброто нешто за кое се одлучила

Кели поработела и на изгледот на нејзиното лице со помош на „неколку инјекции“ кои направиле нејзиниот профил да добие нова форма.

Тогаш луѓето почнаа да забележуваат дека навистина изгубив тежина затоа што тоа го смени изгледот на сè. Методата со која се отстранувааат маснотиите од образите беше вистинска одлука. Тоа промени сè на моето лице. Штета што не дознав за таа метода малку порано, напишала Кели во една прилика на социјалните мрежи.

Уште во 2017 година, Кели јавно зборуваше за својата борба со вишокот килограми, како и за навредите што ја трпела во својот живот поради нејзиниот изглед и вишокот тежина.

Пред да го промени своето тело, пејачката престанала да конзумира алкохол.

„Престанав да пијам и навистина сакам да ги сите поправам работи кои го загрозуваа моето здравје. Не сум совршена, бидејќи и понатаму правам многу грешки, наидувам на „дупки на патот“, но кога ќе паднам, повторно станувам“, изјавила тогаш Кели гостувајќи на еден поткаст .

Јас сум од оној тип девојки – кога сè изгледа совршено, но на моменти знам да „потклекнам“ и повторно да го искомплицирам мојот живот. Зависник сум од алкохол, а мислев дека ќе можам да пијам како и секоја нормална личност, но се покажа дека не можам и никогаш нема да бидам нормална кога станува збор за конзумирањето на алкохолни пијалаци, заклучи таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.