Ана Бекута веќе десет години е во емотивна врска со поранешниот министер Милутин Мркониќ, а јавноста помалку е запознаена со фактот дека пејачката пред Мрка, љубела само музичари.
Имено, Ана во почетокот на 80- те години го запознала тапанарот Предраг Видовиќ Преја и тоа така што му се јавила на конкурс кој што тој го распишал во потрага по пејачка.
После музичките ангажмани во Германија и Америка, Преја се вратил во родниот Шабац и сфатил дека многу повеќе може да заработи од народна музика, па се впуштил по потрага по пејачка. На конкурсот се јавила во тоа време непознатата Нада Полиќ, а после тоа го добила и уметничкото име Бекута под кое е позната и денес, а самиот бенд е насловен „Анеба“.
Откако почнале со работа почнала да се раѓа и љубовта, па парот во наредните десет години живеел заедно во вонбрачна заедница.
Сепак, љубовта ја снемало откако Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ кон почетокот на 90- те години, па го напушила Преја и од Шабац се преселила во Белград. Бекута живее со него до 2000 година, откако следела и конечна разделба, а среќата ја пронајде со Мрка со кого и ден денес е во емотивна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.