На латино дивата Џенифер Лопез на стегнатото тело може да ѝ позавидат и двојно помлади дами и покрај тоа што пејачката во јули ќе наполни 52 години. Тоа се должи на нејзиниот долгогодишен тренинг, упорност, но и здрава исхрана.

На последната објавеа фотографија на социјалните мрежи, Лопез позира во бело танга боди, кое го истакнува стегнатото тело на Џеј Ло. На фотографијата доминираат нејзиниот задник и градите, но големо внимание привлекоа и нејзините колена.

Причина за тоа е што, се чини дека пејачката имала незгода бидејќи има фластер на нозете, односно нешто што изгледа како завој.

Поради тоа, многумина коментираат дека станува збор за фотошоп грешка и ја обвинија пејачката дека премногу ги менува фотографиите за да ги „залаже“ фановите дека нејзиното совршено тело е резултат само на добрата генетика и работата на себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.