Јелена Карлеуша се уште не може да се помири со смртта на својата мајка Дивна Карлеуша која почина на 3-ти март минатиот месец откако ја загуби битката со тешката болест.
Јелена секојдневно покажува колку и недостасува својата мајка преку апликацијата „стори“ на својот Инстаграм профил, а овој пат таа објави емотивни стихови кои сите ги растажи.
Во прашање е песната на Мери Елизабет Фрај во која Јелена се пронајде.
Ние не умираме. Немој да стоиш над мојот гроб и да плачеш, јас не сум таму, јас не спијам. Јас сум илјадниците ветрови што дуваат, јас сум дијамантска светлост на снегот, јас сум сонце, јас сум нежна, јас сум есенски дожд. Кога ќе се разбудиш во утринската тишина јас сум птиците кои кружат во лет. Јас сум мека ѕвезда која сјае ноќе. Немој да стоиш над мојот гроб и да плачеш. Јас не сум таму, не сум мртва – сподели Јелена со фановите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.