Пејачот Џеј Рамадановски почина во неделата на 6 декември во својот стан во Белград.

Србија и регионот веќе два дена се опростуваат од легендата која потекнуваше со корени од Ресен, а меѓу нив јавно се опрости и неговата фамилија и најблиските.

Меѓу нив покрај колегите, беше и сестрата Биси која се прости преку некролог во весниците низ Србија со порака до својот брат која им го распара срцето на многумина.

Додека живееме ќе живееш во нас, Нема фајрон брату мој. Небото е мало за твојата добрина. ти благодарам за се што направи за нас тројца.

Еден од нив е и црногорскиот бизнисмен Брано Мичуновиќ кој му ги посвети зборовите „Живееше како ти сакаше, само си сакаше да бидеш среќен. Почивај во мир“.

„Секогаш сакан, никогаш заборавен“, е една од пораките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.