Јелена Карлеуша од Кина објави фотографии од прославата на 34 роденден на Душко Тошиќ, како би им докажала на луѓето дека бракот не и е во криза, но психотерапевт вели дека нивниот говорот на телото го покажува спротивното.
На последните фотографии на кои се Душко и Јелена според нивното држење и погледи се гледа дека меѓу нив нема блискост, љубов, дека владее тензија и дека бракот им е во криза. Меѓутоа, по овие постапки се забележува и дека тие двајцата се подготвени да ја надминат брачната криза – вели психотерапевтот.
Тој верува дека за ситуацијата свесни се и нивните ќерки.
Верувам дека Јелена ги подготвила децата и делумно ги упатила во целата ситуација, бидејќи во денешно време на социјални мрежи невозможно е да се сокрие било што. Овде е проблем што таа може да има криза на идентитет, бидејќи во јавноста се претставува како секс симбол, а од друга страна е грижлива мајка, што не иде со нејзиниот јавен имиџ, па сега е растргана на две страни. Кај Душко ми се допаѓа тоа што тој и кон неа и кон ќерките се поставува како заштитник-додал психотерапевтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.