Јелена Карлеуша во ек на скандалот со фудбалерот Огњен Врањеш доби поддршка и од Воин Ражнатовиќ. Синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан се огласи на Фејсбук каде напиша дека никогаш не би имал срце јавно да осрамоти нечија мајка.
Ја гледам оваа сага и само помислувам дека не би имал срце јавно и така ниско да осрамотам нечија мајка(со голи фотографии). Пред неколку години јавно добив битка за правда и вистина против маќеата, но решив да престанам, бидејќи ми е жал за децата чии родители лежат по затвори. Секогаш треба да се биде човек и да се мисли на децата, колку и да сакаш некого јавно да понизиш-напиша Воин на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.