Популарната пејачка Неда Украден (69) поради коронавирусот и грижата за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски, одвоена е од семејството и во моментов живее сама. Пејачката со српските медиуми ги сподели своите размислувања и искрени чувства.
Веќе 4 недели сум во самоизолација, доброволна во која влегов свесно, сакајќи да не го доведувам сопственото здравје, и здравјето на своите најблиски, бидејќи работев до скоро во странство. Би сакала да упатам апел до сите општествени фактори кои одлучуваат, да водат сметка и за оној мал број музичари кои се дел од музичката индрустрија кои се навистина погодени од целата ситуација. Сите тие имаат свои семејства, ги хранат, плаќаат сметки, издржуваат некого, имаат многубројни проблеми, а оваа криза за многумина ќе биде мошне непријатна и голема и таа ќе може да се надмине само со некои големи акции за помош. Да се води грижа за музичарите и нивните семејства, тоа не се мал број луѓе, тие живеат од својот труд, рече меѓудругото Украден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.