Неда Украден отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста и со пејачката кариера, но и со приватниот живот. Таа неодамна откри дека еднаш дури и побегнала од сопствената венчавка.

Го оставив човекот пред самата венчавка! Тој беше од нашите краишта, но живееше во Америка. Сè беше подготвено и договорено, но јас одеднаш одлучив дека не сакам да бидам со него. Едноставно го сменив својот план, раскажува таа за „Информер“.

Набрзо сфатила дека не погрешила.

Бевме заедно една година и навистина се сакавме. Сè изгледаше совршено додека не го оставив, па ми го покажа своето вистинско лице. Го демолираше цел хотел „Хилтон“ во Америка поради мене. Беше ужасно љубоморен ! Тогаш сфатив дека жената мора добро да ги отвори очите пред да одлучи да се омажи. Јас и претходно бев мажена и тоа ми беше сосема доволно, открила пејачката.

Неда 15 години беше во брак со режисерот Милан Билбија, кој почина во 2013 година, со кој ја имаат ќерката Јелена.

Најубавите години ги поминав со мојот покоен сопруг. Добивме ќерка и таа можеби е главната причина зошто не сакав повторно да застанам пред олтар, иако многумина ме запросија. Не жалам што не се омажив по втор пат. Претпочитам да бидам сама отколку со некој од кој што ми се гади и ми прави киселини во желудникот, вели Неда Украден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.